
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дали ни требаат менаџери во секоја ситуација? Менаџер или лидер? Што е потребно да се направи за компанијата да ги исполни своите планови? Одговорите на овие прашања ќе ги дознаете од Роко Водопија (EX CEO во Bimilk, консултант во A.T.Kearney) на 11 FMCG Summit кој ќе се одржи на 30 октомври во „Александар Палас“.
Роко Водопија е истакнат менаџер и консултант со повеќе од 25 години докажан успех во водење и трансформирање на водечки компании низ Централна и Југоисточна Европа. Специјалист е за трансформација и оперативно унапредување на бизнисите во малопродажбата и FMCG секторот.
Во текот на својата кариера има извршувано највисоки лидерски позиции, меѓу кои и Генерален директор на Bimilk, каде што ја насочи компанијата кон лидерска позиција на пазарот, како и Претседател на Управниот одбор на Dinov – Diona, каде успешно го спроведе реструктурирањето и ревитализацијата на нивниот национален малопродажен синџир. Неговото менаџерско искуство го опфаќа и реномирани компании како TDR, Dukat и Pliva, а консултантската работа во A.T. Kearney, BDO и EY дополнително ја зајакна неговата стратешка и оперативна експертиза.
Освен консултантската практика, Водопија е активен предавач и едукатор, посветен на зајакнување на менаџерските тимови за да го постигнат целосниот потенцијал и да остварат одржливи резултати.
