
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Цените на основните прехранбени производи ќе бидат предмет на дополнителни проверки, откако Владата побара од трговците поскапувањето на храната во јули да не надмине 3 проценти на годишно ниво.
Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на големите трговски ланци изјави дека целта е да се спречи неоправдан раст на цените и да се обезбеди поголема стабилност за граѓаните.
Според најавите, следуваат разговори и со производителите, дистрибутерите и добавувачите, со цел сите учесници во синџирот на снабдување да придонесат за одржување на ценовната стабилност.
Државниот пазарен инспекторат доби задача да направи анализа на цените – од набавката кај добавувачите до крајната продажна цена во маркетите. Ќе се споредуваат податоци за да се утврди каде настануваат најголемите зголемувања.
„Верувај, но проверувај“ – порача Мицкоски, додавајќи дека контролите треба да покажат дали има неоправдани разлики во цените.
По намалувањето на цените на горивата, Владата очекува трговците и дистрибутерите да придонесат со намалување на цените на основните производи. Најавено е дека ќе бидат објавени и имињата на оние компании кои нема да постапат според очекувањата.