
И покрај засилената конкуренција, притисокот врз маржите и растечките трошоци, македонските FMCG-професионалци влегуваат во 2027 година со оптимизам.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Според анкетата на InStore, спроведена на 12. FMCG Summit Скопје, 75% од испитаниците очекуваат пораст на продажбата во следната година. Притоа, 59,1% очекуваат умерен, а 15,9% значителен пораст.
Позитивни се и очекувањата за профитабилноста. Вкупно 67% од анкетираните очекуваат нејзино подобрување, 25% очекуваат таа да остане на приближно исто ниво, а само 2,3% предвидуваат мало влошување.

Овој оптимизам е особено интересен ако се земе предвид дека притисокот врз продажните цени и маржите е најчесто посочуваното ограничување на профитабилноста, по што следуваат растечките набавни и производствени трошоци.
Очекувањата се позитивни, но клучното прашање за 2027 година е дали компаниите ќе успеат да го претворат порастот на продажбата во одржлив пораст на профитот.
Во анкетата на InStore, спроведена на 29 октомври 2026 година на 12. FMCG Summit Скопје, учествуваа 88 професионалци од FMCG-секторот.