„Нелт“ инсвестираше 1,6 милиони евра во проширување на складишните капацитети во својот регионален дистрибутивен центар во Бијељина.
Оваа инвестиција, која е дел од најавените инвестиции од 100 милиони евра во логистичка инфраструктура и модерни технологии на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Замбија, ja прошири магацинската хала на 2.065 квадратни метри, додека капацитетот на палетните позиции е 2.196 места.
Понатамошниот развој на логистичките операции е стратешка определба на нашата компанија. Капиталните инвестиции се дел од долгорочниот инвестициски план и се неопходни за подобрување на деловните процеси и на целиот синџир на снабдување во Босна и Херцеговина. На овој начин ги следиме потребите на пазарот и нашите деловни партнери, изјави Сузана Сикимиќ, извршен директор на директор на „Нелт“ за пазарот во Босна и Херцеговина.
Изградбата на новиот магацин, во кој ќе се складираат стоки за широка потрошувачка, започна во јуни 2024 година. Просторот се состои од две складишни единици со условен режим од 10-20 °C, додека висината на складирање е 12 метри. Новиот магацински простор е изграден според највисоките технолошки и безбедносни стандарди, со најсовремена технологија и софтвер за управување со логистичките процеси.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нелт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.