Трговскиот центар „Тропик“ во Источно Сараево ќе работи 24 часа во текот на целата недела. Ова ќе биде првиот голем трговски центар во БиХ кој ќе работи нон стоп.
Центарот во Источно Сараево е дел од компанијата „Тропик Ретајл“, најголемиот трговски синџир во РС, во кој се вклучени и „мојМаркет“ и „Црвена Јабука“, која работи во ФБиХ. Одлуката за работно време се однесува само на објектот во Источно Сараево.
Како што пренесува порталот BiznisInfo.ba, главната цел на оваа одлука е намерата да се работи во недела, за да се добие предност пред конкуренцијата, а воведувањето на ноќна работа беше единствениот начин да се постигне тоа.
На подрачјето на општина Источна Илиџа, каде што се наоѓа овој објект, важи правилото за неработни недели, иако нема забрана за работа во недела на ниво на Република Српска.
Драгсторите се наведени меѓу продавниците кои имаат право да работат во недела. Во ентитетскиот закон, драгстор е дефинирана како продавница која продава прехранбени и непрехранбени производи за секојдневна потрошувачка и работи од 00:00 до 24:00 часот. Така, со воведување на нон-стоп работно време, секоја продавница, без разлика на големината, станува драгстор и се стекнува со право на работа во недела.
Извор: eKapija
Фото: „Тропик“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.