Компанијата „Студенац“ донираше по 4.000 евра за Здружението на ’рбетно повредени „КаСПИН“ од Карловац, Здружението на лица со интелектуална попреченост во градот Сисак, здружението „Биди добро“ од Руда и здруженијата „Зборувај ми“ и „Домот на надеж“ од Загреб.
Како што соопштија од компанијата, пријавите за последниот круг на донации во рамките на проектот „Чекор поблиску до заедницата“ годинава пристигнаа од областите на град Загреб, Бјеловарско-Билогорска, Карловачката, Копривничко-Крижевачката, Крапинско-Загорската, Меѓумурската, Сисачко-мославинската, Вараждинската и Загрепска жупанија.
Компанијата потоа, од пристигнатите 101 апликација, избра пет здруженија и на секое им подари донација од по 4.000 евра за реализација на различни проекти.
Рекордниот број на апликации за нашата последна донаторска рунда во годината е показател дека здруженијата нѐ препознаваат како партнер во остварувањето на целите на организациите што ги водат, на што сме особено горди. Меѓутоа, од друга страна, многу голем број апликации исто така не предупредуваат на потребата од поголема вклученост на сите членови на заедницата, повикувајќи нè да ја препознаеме важноста од иницирање позитивни промени во нашето општество, изјави Татјана Спајиќ, директорка за корпоративни комуникации во „Студенац“.
Проектот „Чекор поблиску до заедницата“ „Студенац“ го спроведува од октомври 2021 година како дел од пошироката стратегија со која компанијата се стреми да ги поддржи позитивните промени во заедниците и да обезбеди поддршка на хуманитарни, здравствени и другите програми кои придонесуваат за подобрувањето на животот во заедницата.
Со овие донации „Студенац“ го заокружи годинешниот донаторски циклус во кој беа донирани вкупно 60.000 евра на 15 непрофитни здруженија од сите делови на Хрватска, додека во целата програма досега се донирани 141.000 евра за избрани непрофитни организации.
Извор: InStore.rs
Фото: „Студенац“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.