Македонија

Минималната синдикална кошница зголемена за 521 денар

20 Feb 2025

За да ги покрие основите трошоци едно четиричлено семејство во февруари му се потребни му се 63 773 денари. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на минималната синдикална кошничка за тековниот месец е за 521 денар поголема од јануари кога изнесуваше 63 252 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак велат од синдикатот изнесува 79 148 денари, истакнуваат од ССМ.

Според пресметката, едно четиричлено  семејство најмногу одвојува за храна и пијалаци, 23.427 денари или 36,7 отсто од минималната кошница, за облека и обувки 5,800 денари,  за станарина, вода, електрична енергија и греење 6,096 денари или 9,6 отсто.

Извор: 24.mk

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...