Осум македонски компании се претставија на годинешниот ISM саем во Келн, специјализиран за кондиторија. На саемот своите производи ги преставија компаниите: „Витаминка“, „Лион“, „Европа АД“, „Макпрогрес“ „Макпромет“, „Мако маркет“, „Макс фуд индустри“ и „Мекробин“
„Витаминка“ е редовен изложувач на ISM и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Нашето учество на овој саем има исклучително значење, бидејќи го претставуваме и промовираме македонското производство и воспоставуваме нови бизнис соработки, изјави Илија Наумоски, помошник оперативен директор на „Витаминка“.
„Макпрогрес“ со гордост ги претстави своите иновации и квалитет на ISM 2025, водечкиот саем за кондиторската индустрија во светот. Со посветен и мотивиран тим, ги презентиравме нашите најнови производи, ги зајакнавме глобалните партнерства и ја споделивме нашата визија за иднината, соопштуваат од компанијата.
Ова е можност за стекнување искуства и познанства, како и запознавање со новите технологии и иновации, истакнуваат од „Мако маркет“.
Нашето присуство овде е од огромно значење – ова е платформа каде што ги презентираме нашите висококвалитетни кондиторски производи, се поврзуваме со водечките играчи во индустријата и ги истражуваме најновите трендови и технологии кои го обликуваат иднината на слаткарскиот сектор, истакнуваат од „Лион доо“.
На ISM саемот изложуваат најзначајните фирми од кондиторската индустрија, а годинава се претставија 1500 компании од 70 држави.
Фото: Принтскрин
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.