Новиот Opel Grandland беше промовиран на македонскиот пазар, во просториите на својата матична куќа - продажниот салон на Opel Македонија на 11.2.2025 година
Овој грандиозен модел претставен во својата промотивна Copper боја, ги пречека присутните со сите свои новитети, гордо истакнувајќи ја новата генерација Vizor маска поставена во 3D, со илуминирано лого пресликана од прототипот “Opel Experimental“.
Присутните одблиску се запознаа со новиот SUV во гамата на опел и воедно ја добија и ексклузивната информација за промотивната цена на новиот Opel Grandland.
Ние сме навистина горди на овој грандиозен C-SUV модел. Кога велиме грандиозен, не мислиме само на неговите надворешни димензии, грандиозноста се огледува во секој еден детаљ на оваа креација, грандиозен дизајн, чувство на грандиозност при управување, грандиозен стил, а истовремено чист и елегантен. Тоа е новиот Opel Grandland, изјави Ана Јовановска, Менаџер за медиуми и односи со јавност во „Еуроимпекс“.
Продукт менаџерот за Опел, во Еуроимпекс – Драган Јовев изјави: „за што се залагаме во Опел во моментот...ние сме прогресивен и возбудлив Германски бренд. Новиот Opel Grandland скока нанапред вон своето време. Сега созреан, просторен и премиум... достоен на своето име. Карактеристиките на моделот се изведени од столбовите на кои е поставен брендот: смел и чист дизајн, чисто кокпит искуство, германско тежнеење кон извонредност, гриновација.
И додаде: „Со новиот Grandland целиме во срцето на горниот C-SUV сегмент нудејќи безбедност на традиционалните купувачи, простор и функционалност на семејствата и технологија и стил на прогресивните купувачи. На нашиот пазар овој модел ќе го понудиме во хибридна изведба од 136КС со Edition ниво на опременост, по одлична цена од 32.990€!“
Ивана Манчева Михајловска, заменик извршен директор на „Еуроимпекс“ го зачини овој настан со Гранд најава за 35 годишнината на компанијата Еуроимпекс, воедно информирајќи ги присутните за планот на промовирање со низа активности во текот целата година.
Оваа година, е јубилејна за „Еуроимпекс“. Станува збор за 35 години стабилен раст и развој; 35 години инвестирање; 35 години успешно опстојување на пазарот. „Еуроимпекс“ има јасна визија. Имаме и јасни цели за иднината. Со ова сакавме да ве информираме дека ни претстои ГРАНД година, во која ќе имаме повеќе најразлични активности во знак на нашиот 35 годишен јубилеј, истакна Ивана Манчева Михајловска.
Извор/Фото: „Еуроимепкс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.