Македонија

„Витаминка“ им подари новогодишни пакетчиња на децата од Детската болница „Козле“

23 Dec 2024

„Витаминка“ донесе предновогодишна радост, надеж и среќа со донација на пакетчиња за сите деца кои престојуваат и се лекуваат во Детската болница „Козле“. Новогодишните пакетчиња беа доставени во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, со што дополнително ја збогатија празничната атмосфера.  

Од компанијата велат дека новогодишните празници се најголема радост за децата и секое дете треба да ги доживее радоста и задоволството на празниците.

Среќата на децата е нешто што не може да се измери. За нас како компанија, од огромно значење е да покажеме грижа и поддршка токму кон оние на кои тоа најмногу им е потребно. Празниците се период на дарување и споделување, а нашата цел е секое дете да почувствува дека не е заборавено. Со оваа донација сакаме да го споделиме празничниот дух и да им подариме моменти на радост на децата и нивните семејства, соопштуваат од „Витаминка.“

Директорката на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата „Козле“, д-р Каролина Симоновска, изрази голема благодарност за донацијата.

Искрено сме благодарни на Витаминка за оваа убава иницијатива која ќе донесе радост и насмевки на лицата на нашите најмали пациенти. Новогодишните празници се особено важни за децата, а ваквите гестови покажуваат дека нашите пациенти и нивното здравје се грижа за целата заедница. Пакетчињата ќе го разубават престојот на децата во болницата и ќе им донесат малку празнична магија, изјави Симоновска.

Донациите на новогодишни пакетчиња во „Витаминка“ како општествено одговорна активност станаа традиција којашто секоја година се спроведува во различни детски установи со што се опфатени повеќе деца од целата држава.

 

Извор/Фото: „Витаминка“/ Linkedin 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...