Маркетинг

Обединето Кралство: Програмата за лојалност на „Теско“ слави 30 години

21 Feb 2025

Компанијата „Теско“ во соработка со агенцијата „ББХ Лондон“ лансира нова кампања со која ја прослави 30 годинишнината од програмата за лојалност, „Клубкард“.

Како дел од кампањата, компанијата претстави видео, во режија на Сем де Јонг, кое ги води потрошувачите низ историјата на „Клубкард“.

Во видеото следиме два парови од кои едниот се вклучил во програмата во 1995 година, а другиот не. Како што минуваат годините, првиот пар добива различни бенефиции, како вечери и патувања, додека вториот пар почнува да сфаќа што им недостасува.

Спотот е придружен со песната „Sandstorm“ во изведба на Даруд, која од многумина е глобално препознаена како „химна на деведесеттите“.

Покрај специјалните промоции за корисниците на „Клубкард“, „Теско“ ќе награди и повеќе од 300.000 вработени со ваучери од 30 фунти како дел од прославата, кои ќе можат да ги користат во една од нејзините партнерски продавници на „Клубкард“.

„Клубкард“, која беше лансирана во февруари 1995 година, е првата картичка за лојалност на супермаркетите во Обединетото Кралство. Денес, ја користат повеќе од 23 милиони домаќинства низ ОК, што претставува 82% од целата продажба на супермаркети.

Извор: DesignRush

Фото: „Теско“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...