Американските потрошувачи во средата поднесоа тужба против „Амазон“ поради наводно тајно следење на нивните движења преку мобилни телефони и продавање на собраните податоци.
„Амазон“ доби „бајпас пристап“ до телефоните на корисниците со тоа што на десетици илјади развивачи на апликации им обезбеди код познат како Amazon Ads SDK, кој потоа го интегрираа во нивните апликации, пренесува „Ројтерс“.
Ова, наводно, му овозможило на „Амазон“ да собира огромни количини геолокациски податоци со временски печат за тоа каде живеат, работат, купуваат и посетуваат потрошувачите, откривајќи чувствителни информации како верска припадност, сексуална ориентација и здравствени проблеми.
„Амазон“ виртуелно ги идентификувал потрошувачите и поврзал огромни количини лични информации за нив, целосно без нивно знаење или согласност, се наведува во тужбата.
Тужбата ја поднесе Феликс Колотински од Сан Матео, Калифорнија, кој тврди дека Амазон ги собирал неговите лични податоци преку апликацијата „Speedtest by Ookla“ на неговиот телефон.
Колотински тврдеше дека однесувањето на „Амазон“ го прекршило калифорнискиот кривичен закон и законот за хакирање на компјутери во државата и бара неодредена отштета за милиони жители на Калифорнија.
Извор: eKapija
Фото: Принтскрин
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.