Свет

Унгарија: „Шпар“ донираше над 223 тони храна

28 Jan 2025

Со помош на купувачите, „Шпар“ донираше над 223 тони храна во рамките на хуманитарната акција „Радост на дарувањето“.

Имено, во периодот од 1 до 17 декември, потрошувачите имаа можност да купат картички за донација и на тој начин да донираат прехранбени производи за оние на кои им е потребна.

Слоганот на овогодинешната кампања беше „Оваа година Божиќ допира до сите!“, со цел да се поттикнат и најмалите донации во вид на тестенини или шеќер, кои прават голема разлика, соопшти компанијата.

Во рамките на кампањата, купувачите донираа храна во вредност од 13.376 евра, а на оваа сума компанијата додаде дополнителни 12.160 евра, со што беа донирани вкупно околу 26.000 пакети со храна.

Кампањата беше спроведена по 28-ми пат во соработка со Унгарската служба за помош „Редот на Малта“, чии волонтери собираа и дистрибуираа донирани производи во 115 „Шпар“ продавници и во  36 продавници на „Интершпар“.

 Соработката меѓу „Шпар“ -  Унгарија и Унгарската служба за помош на „Редот на   Малта“ ќе продолжи и во 2025 година. Училишниот прибор ќе се собира пред почетокот на учебната година, а прехранбените производи во пресрет на Божиќ. Дополнително, „Шпар“ ќе продолжи да ги поддржува луѓето кои имаат потреба со донации на храна во текот на целата година, изјави Марк Мацелка, директор за комуникации во „Шпар“ – Унгарија.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Шпар“ - Унгарија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...