
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Дол“ пријави раст на приходите во вториот квартал од 2,9%, на 2,1 милијарда евра, додека приспособената EBITDA се намали за 14,8%, на 100 милиони евра, пренесува ESM Magazine.
„Успешното завршување на продажбата на пристаништето во Еквадор по крајот на кварталот, со нето-приход од приближно 81,4 милиони евра, ги поддржува нашите континуирани инвестиции во можности за раст, вклучувајќи ги и неодамнешните аквизиции во регионот EMEA. Задоволни сме што во вториот квартал остваривме резултати во согласност со нашите очекувања. Овој квартал уште еднаш ја покажа отпорноста на нашиот диверзифициран деловен модел и нашата способност да работиме во предизвикувачко опкружување“, изјави Карл Мекен, извршен претседател на „Дол“.
Бруто-добивката, исто така, е намалена за 19,7 милиони евра, додека нето-добивката пораснала од 15,5 милиони евра во истиот период минатата година на 30 милиони евра.
Во сегментот свежо овошје, приспособената EBITDA е намалена за 30,9%, што компанијата го припишува на повисоките трошоци за набавка на овошје и повисоките трошоци во синџирот на снабдување. Приходите на овој сегмент изнесувале 833 милиони евра, при поголеми количества продадени банани во Европа, што делумно било неутрализирано од помалиот обем на продажба на ананас.
Во сегментот разновидни свежи производи – Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA), приходите се зголемиле за 1%, благодарение на поволното влијание на девизните курсеви. Приспособената EBITDA во овој сегмент е намалена за 6,2%, што „Дол“ го припишува на пониската продажба во Јужна Африка, Холандија и Шпанија.
Сегментот разновидни свежи производи – Америка и остатокот од светот (ROW) забележал раст на приходите од 13,9% и раст на приспособената EBITDA од 33,8%, благодарение на поголемите количества на продажба и силните деловни резултати во Северна Америка.