
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик Дрога Колинска“ ја заврши аквизицијата на компанијата „Осем“, која заедно со производствениот погон, трговските марки и вработените станува дел од „Атлантик Група“.
Со оваа аквизиција „Атлантик Група“ дополнително го зајакнува своето работење во Словенија, која е еден од нејзините клучни производствени, дистрибутивни и инвестициски пазари и важен дел од долгорочната развојна стратегија на групацијата.
„Атлантик Група“ во Словенија веќе управува со фабрика за полнење безалкохолни пијалаци во Рогашка Слатина, фабрики за производство на кафе и деликатесни производи во Изола, како и со значајни дистрибутивни и логистички операции со седиште во Љубљана.
Во Мурска Собота, каде што се наоѓа производствениот погон на „Осем“, групацијата планира дополнителни инвестиции кои ќе го поддржат развојот на производството, ќе овозможат зголемување на капацитетите и ќе создадат можности за нови работни места.
Од „Атлантик Група“ истакнуваат дека локацијата има голем развоен потенцијал. Според развојниот план, таа треба да стане трета производствена локација за деликатесни намази, по Изола и Хаџиќи, наменети за извоз на западноевропските пазари.
Вкупната вредност на аквизицијата и планираните инвестиции надминува 40 милиони евра.