
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Полска, запленетиот алкохол кој веќе не може да биде ставен во промет, ќе добие нова намена – ќе се користи како суровина за производство на биогас, а со тоа и на зелена енергија. Даночната управна комора (IAS) во Варшава и градското претпријатие за водовод и канализација потпишале договор со кој е овозможено производите запленети во постапките на царинските и даночните органи, да бидат искористени во постројките за пречистување на отпадни води. Целта е наместо класично одлагање да се искористи нивниот енергетски потенцијал.
Според техничките анализи, алкохолот и продуктите настанати при неговото производство, можат да се додадат на канализацискиот муљ во дигесторите каде се одвива анаеробната дигестија. На тој начин се зголемува количината на добиениот биогас, кој потоа се користи за производство на енергија.
Во следните фази планирана е и употреба на тутун, одредени прехрамбени производи, како и материјали кои потекнуваат од земјоделството. Со нивната употреба како дополнителни суровини за анаеробна дигестија, би можело да се зголеми производството на биогас во постројките за пречистување на отпадните води. Ваквиот пристап истовремено го решава проблемот со складирање на запленетите производи и ги воведува во нов циклус на користење, во согласност со принципите на циркуларната економија.
Доколку моделот се покаже успешен, би можел да биде применет во поголем обем, меѓу другото и во текот на планираната модернизација на варшавската постојка за пречистување на отпадни води „Чајка“. прдвидено е новата инфраструктура да овозможи прифаќање на суровини од надворешни извори и нивно користење во производството на биогас.