
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нестле“ постигна договор за продажба на својот основен бизнис во сегментот на витамини, минерали и додатоци во исхраната, познат како Holistic Health portfolio, на инвестициската компанија „Јелоу Вуд Партнерс“ за една милијарда американски долари, односно 0,8 милијарди швајцарски франци.
„Ова е уште еден важен чекор во стратешката трансформација на нашето портфолио. Ги насочуваме нашите ресурси кон областите во кои имаме најсилна конкурентска предност. Благодарение на силните капацитети за иновации и градење брендови, добро сме позиционирани за раст во премиум сегментот на витамини, минерали и додатоци во исхраната базирани на наука, каде што брендовите како Solgar и Pure Encapsulations продолжуваат да остваруваат силни резултати. Истовремено, категоријата се разви, а основниот VMS-бизнис бара поинаков пристап под сопственост на компанија која целосно ќе му се посвети“, изјави Филип Навратил, извршен директор на „Нестле“.
Трансакцијата опфаќа седум етаблирани брендови: Nature's Bounty, Osteo Bi-Flex, Ester-C, Gard, Nuun, Puritan's Pride и Sisu, заедно со поврзаниот бизнис со додатоци во исхраната под приватни трговски марки во САД, како и наменските производствени, пакувачки, складишни и дистрибутивни операции.
Во 2025 година овој бизнис остварил продажба од 1,2 милијарди долари, односно една милијарда швајцарски франци. Бизнисот е претежно присутен на американскиот пазар, со активности и во повеќе други земји, меѓу кои Канада и Кина.
Трансакцијата подлежи на вообичаените регулаторни одобренија и се очекува да биде завршена во текот на првата половина од 2027 година.