
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кјуриг Др Пепер“ соопшти дека ќе го продаде својот сопственички удел во компанијата „Чобани“ назад на овој производител на јогурт, заедно со производствен погон, во рамките на трансакција вредна 792 милиони евра, односно 925 милиони американски долари. Компанијата продолжува со преструктурирање на работењето по преземањето на „ЈДЕ Питс“, пренесува Reuters.
„Кјуриг Др Пепер“ ќе го продаде целиот свој сопственички удел во „Чобани“ за 685 милиони евра, односно 800 милиони американски долари, како и производствен погон и складиште во Алентаун, во американската сојузна држава Пенсилванија, за 107 милиони евра, односно 125 милиони американски долари.
Компанијата го преобликува своето портфолио по аквизицијата на холандскиот производител на кафе и чај „ЈДЕ Питс“ во април годинава, вредна 15,4 милијарди евра, односно 18 милијарди американски долари.
„Кјуриг Др Пепер“, исто така, се подготвува да ги издвои своите бизниси со кафе и безалкохолни пијалаци во две одделни компании, кои ќе бидат јавно котирани на американскиот пазар.
„Чобани“ соопшти дека во следните пет години планира да инвестира околу 1,03 милијарди евра, односно 1,2 милијарди американски долари, во овој производствен погон, како дел од плановите за производство на млеко со поголема содржина на протеини и помала содржина на шеќер во споредба со традиционалното млеко.