
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кока-Кола Адриа“ објави дека Богдан Кирита ја презеде функцијата генерален директор на компанијата, во чии рамки ќе биде одговорен за работењето во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Со речиси десетгодишно искуство во „Кока-Кола“ и докажан успех во водењето комерцијални стратегии на европските пазари што придонеле за раст на работењето, Кирита на новата позиција носи значително стручно знаење и искуство, соопштија од компанијата.
Како што е истакнато, Кирита, во тесна соработка со „Кока-Кола ХБЦ“, ќе го предводи спроведувањето на стратешката визија насочена кон одржлив раст на работењето и развој на локално релевантни иницијативи во чиј центар се потрошувачите.
„Голема чест ми е да ја предводам ‘Кока-Кола’ на пазарите каде што нашите брендови се толку длабоко вткаени во локалната култура и секојдневниот живот. Со нетрпение ја очекувам соработката со нашите талентирани тимови и партнери за заедно да отвориме ново поглавје на иновации и заеднички успех низ целиот регион. Исто така, сакам искрено да му се заблагодарам на мојот претходник Ѓорѓи Христов за одличното лидерство со кое постави цврсти темели за нашиот понатамошен раст на пазарот“, изјави Кирита.
Пред ова назначување, Кирита ја извршувал функцијата директор за франшизни операции на „Кока-Кола“ во Италија, каде што управувал со стратешката и оперативната програма. Во текот на кариерата извршувал и клучни раководни функции во Романија, Чешка и Словачка.
Кирита на позицијата генерален директор на „Кока-Кола Адриа“ го наследи Ѓорѓи Христов, кој неодамна ја презеде функцијата генерален директор на „Кока-Кола“ за Грција и Кипар. Христов на новата позиција ќе го замени Ставрос Мурелатос, кој ќе преземе проширена функција во рамките на „Кока-Кола“ во Европа.