
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Coca-Cola во Босна и Херцеговина, во присуство на партнери, претставници на институциите, културниот, деловниот и јавниот живот, како и на дипломатскиот кор, одбележа голем јубилеј – 30 години партнерство со Сараевскиот филмски фестивал, што воедно претставува и најдолгото партнерство во историјата на фестивалот.
Како што истакнуваат од компанијата, Coca-Cola и Сараевскиот филмски фестивал веќе три децении заеднички ја создаваат фестивалската атмосфера која секое лето го претвора Сараево во место за средба на идеи, уметност и луѓе од целиот свет.
Партнерството, кое започна речиси истовремено со фестивалот, го следеше неговиот развој од локална иницијатива до еден од најзначајните филмски фестивали во Југоисточна Европа.
Ние во „Кока-Кола“ нашиот придонес и резултатите ги остваруваме преку секојдневното дејствување, резултатите од иницијативите и проектите, како и преку градење и зачувување на довербата со партнерите. Важно е да споменам дека повеќе од 80% од пијалаците на Coca-Cola пласирани на пазарот во БиХ се произведуваат во Хаџиќи. Вработуваме повеќе од 300 луѓе низ БиХ, соработуваме со повеќе од 350 локални добавувачи и повеќе од 15.600 купувачи, изјави Димитрис Ромпис, генерален директор на „Кока-Кола ХБЦ Адриа“.
Тој истакна дека трите децении партнерство се резултат на доверба што се гради од година во година, подготвеност за заеднички раст и уверување дека најдобрите резултати се постигнуваат кога партнерите споделуваат исти вредности.
Сараевскиот филмски фестивал денес е многу повеќе од филмски фестивал – тој е симбол на креативноста, отвореноста и енергијата на овој град, но и важен двигател на неговиот развој. Горди сме што Coca-Cola беше дел од тој пат речиси од самиот почеток. Како компанија длабоко вкоренета во Босна и Херцеговина, веруваме дека наша одговорност е, покрај поддршката на културата и креативноста, да придонесуваме и за развојот на локалната заедница, додаде Ромпис.
Според него, во последните години партнерството е дополнително збогатено со иницијативи кои промовираат одржливост и поодговорен однос кон животната средина.
Гостите го одбележаа јубилејот под симболичниот слоган „Наздрави за 30“ и се потсетија на моментите што ги одбележаа трите децении соработка меѓу Coca-Cola и Сараевскиот филмски фестивал.
Од компанијата порачуваат дека Coca-Cola во Босна и Херцеговина останува партнер на фестивалот и локалната заедница, посветена на долгорочни партнерства кои создаваат вредност за културата, градот и луѓето.