
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Една од најголемите словенечки компании на 10 јули објави нов повик за продажба на недвижности. На продажба се понудени вкупно 50 деловни простори, чија вкупна вредност надминува 36 милиони евра. Од компанијата нагласуваат дека продажбата нема да доведе до отпуштање вработени, пренесуваат словенечките медиуми 24ur и POP TV.
Да потсетиме, уште во декември 2025 година компанијата „ФНГ Проперти СИ“, во сопственост на „Фортенова група“, која го контролира „Меркатор“, ја продаде деловната зграда на улицата Дунајска 155 во Љубљана, каде што се наоѓа и седиштето на компанијата. Објектот беше продаден за 13,5 милиони евра на компанија во сопственост на Миха Ажман.
По првиот конкурс во март годинава, кога беа понудени 25 недвижности, „Меркатор“ во јули ја прошири понудата на 50 објекти.
Станува збор главно за поранешни продавници кои повеќе не се во функција и се наоѓаат во повеќе словенечки градови и населени места, меѓу кои Љубљана, Крањ, Ново Место, Целје, Велење, Марибор, Нова Горица, Копер, Раденци, Рогашка Слатина, Белтинци, Бовец и Порторож.
Почетните цени се движат од помалку од 100.000 евра до речиси четири милиони евра. Најскапиот објект во понудата е поранешна продавница на Нови трг во Љубљана, чија почетна цена изнесува речиси четири милиони евра.
„Меркатор“ во Љубљана ја продава и поранешната продавница во деловната зграда WTC за 1,4 милиони евра, како и некогашните продажни објекти на улиците Прибинова, Повшетова и Литостројска.
Во Марибор, поранешна продавница со површина од 980,2 квадратни метри на улицата Крајгерјева 5 се продава за 1,8 милиони евра. Поранешната продавница во деловната зграда на улицата Кидричева 13 во Рогашка Слатина, со површина од 2.629,75 квадратни метри, е понудена за 2,79 милиони евра.
На новинарските прашања за затворањето на продавниците, продажбата на недвижностите, нивната вредност и плановите за идни инвестиции, од „Меркатор“ дале ограничен одговор.
Компанијата објаснила дека сите недвижности претходно биле пренесени на специјализираните компании „ФНГ Хоспиталити СИ“ и „ФНГ Проперти СИ“, кои „Меркатор“ ги основал во октомври минатата година.
На овие компании им било пренесено сопствеништвото врз недвижностите, како и активностите поврзани со управувањето и комерцијализацијата на портфолиото на недвижности.
Се продаваат исклучиво недвижности кои не се неопходни за основното работење, а средствата остварени од продажбата се наменети за отплата на долговите на компанијата „Меркатор“, соопштија од компанијата.
Од „Меркатор“ нагласуваат и дека ниту еден вработен не го загубил работното место поради продажбата на недвижностите. На дополнителните прашања поврзани со работењето и резултатите, компанијата не сакала да одговори, наведувајќи дека станува збор за деловни информации кои не ги објавува пред официјалните финансиски извештаи.