
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европа има работа преку глава, ама сè поголем проблем има со тоа кој ќе ја работи. Во изминатата година, низ европските земји биле огласени повеќе од 10 милиони работни позиции, а кога ќе се види кого бараат работодавците, сликата е малку поинаква од онаа што најчесто ја знаеме. Не се бараат само програмери, инженери и ИТ-експерти. Европа мака мачи да најде техничари, машински работници, оператори, возачи, административци, здравствени работници и луѓе за нега.
Анализата на „Бест брокерс“ направена врз основа на податоци од „Евростат“ и од европската мрежа ЕУРЕС, го опфаќа периодот од 1 април 2025 до 31 март 2026 година. Најмногу работни места биле огласени во Холандија – околу 2,83 милиони, а веднаш зад неа е Германија со повеќе од 2,4 милиони. Само овие две земји заедно имале над 5,2 милиони огласени позиции.
Но, бројките стануваат уште поинтересни кога ќе се види какви работници им требаат. На прво место се техничките работници, со 731.953 огласени позиции. Потоа следуваат административните и канцелариските кадри со 630.033 позиции, работниците во металската и во машинската индустрија со 596.701, операторите на машини и постројки со 522.808 и возачите и операторите на возила со 519.386 позиции.
Само овие пет групи професии носат побарувачка од речиси три милиони работни места. За споредба, за ИКТ-професионалци биле огласени околу 375.000 позиции. Значи, се бараат програмери и дигитални експерти, ама бројките покажуваат дека Европа во моментов има уште поголема мака со многу поконкретни професии – оние што ги одржуваат машините, возат камиони, работат во производството и ги држат погоните во функција.
Во Германија, Франција, Австрија, Чешка и во Романија, токму техничките работници се меѓу најбараните. Само во Германија биле огласени 239.039 позиции за ваков кадар. Во Шведска, Швајцарија, Норвешка и во Лихтенштајн особено се бараат здравствени работници и професионалци за нега. Во Полска, Бугарија и во Естонија, пак, меѓу бараните професии се и наставниците. Во овие три земји заедно имало повеќе од 18.900 огласени позиции за наставен кадар.
И додека Европа се „тепа“ за работници, Македонија останува меѓу земјите со пониска стапка на вработеност. Кај населението од 20 до 64 години, стапката на вработеност е 64,4 %, што е значително под просекот на Европската Унија од 76,3 %. За споредба, Малта е на 83,4 %, Холандија на 83,3 %, а Чешка на 82,8 %.