InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Приватната трговска марка Jessa на „дм“ годинава одбележува 30 години постоење, а јубилејот го користи за дополнително да ја зајакне својата посветеност на уривањето на табуата поврзани со интимната хигиена.
Од 1996 година Jessa ги следи потрошувачите низ различни животни фази и континуирано развива решенија во областа на менструалната хигиена, интимната нега и производите за инконтиненција. Денес брендот на „дм“ е присутен во 14 европски земји со асортиман од околу 90 производи.
Тридецениското искуство претставува основа за континуиран развој на асортиманот, со задржување на високите стандарди за квалитет и поволниот сооднос меѓу цената и квалитетот, се наведува во соопштението на компанијата.
Истовремено, општествениот однос кон темите како менструацијата и инконтиненцијата значително се промени, како и очекувањата на купувачите и свеста за одржливоста. Како што истакнуваат од компанијата, Jessa на овие промени одговара со разновидни и практични решенија за секојдневните потреби, но и со активности насочени кон поголема отвореност и информираност.
Брендот поддржува едукативни активности преку соработката со платформата за учење READY FOR RED, како и иницијативи за подобрување на достапноста на производите за менструална хигиена.
Една од таквите активности е донирањето диспензери за менструални производи во училиштата. Во текот на 2024 година Jessa додели околу 300 диспензери за 100 училишта, а акцијата е повторена и во јубилејната година.
Во текот на изминатите 30 години научивме многу за потребите на нашите купувачи. Тоа знаење нè поттикнува континуирано да го развиваме брендот Jessa. Нашата цел останува на луѓето да им овозможиме поголема безгрижност во секојдневниот живот, без оглед дали станува збор за менструација или инконтиненција, изјави Ева Марија Алиш, бренд-менаџерка на Jessa.
Од компанијата истакнуваат дека и во иднина фокусот ќе остане на различните животни потреби на потрошувачите, со намера интимната хигиена да се третира на сеопфатен начин.