InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир Fix Price, еден од водечките меѓународни синџири на продавници со ниски цени, влезе на српскиот пазар со отворање пет продавници.
Синџирот отвори три продавници во Белград, на адресите Крушевачка 22, Војводе Степе 312 и Чингријина 13А, како и две продавници во Нови Сад, на Цара Душана 2 и Булевар Ослобоѓења 95.
„Фикс прајс груп“ денес располага со повеќе од 8.000 продавници во Русија, Казахстан, Белорусија, Летонија, Грузија, Киргистан, Узбекистан, Монголија, Ерменија и Обединетите Арапски Емирати. Првиот малопродажен објект на синџирот е отворен во декември 2007 година.
Од самото отворање нашата цел останува иста – широк асортиман на производи по ниски цени да биде достапен за сите. Сакаме купувањето да биде повеќе од обврска, па затоа создаваме шопинг-искуство што забавува, инспирира и носи вистинско задоволство, порачаа од компанијата.
Fix Price на потрошувачите им нуди прехранбени производи и пијалаци, како и средства за одржување на домаќинството и хигиена, козметика, производи за домот, облека, играчки, подароци и други категории производи.
Од компанијата додаваат дека покрај постојаниот асортиман, во продавниците редовно ќе пристигнуваат нови производи, како и посебна сезонска и празнична понуда.