
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Економската активност во Македонија забрза во вториот квартал од 2026 година, при што бруто-домашниот производ порасна за 4,3 отсто на годишно ниво. Станува збор за прв квартал со економски раст над 4 проценти по постпандемиските квартали во 2021 година, покажува анализата на „Finance Think“.
Според анализата, растот во најголем дел е предводен од градежништвото, кое забележало раст од 21,9 отсто. На расходната страна, тоа се одразило преку раст на бруто-инвестициите од 16,5 проценти.
Индустријата пораснала за 3,9 отсто, а трговијата за 4,1 процент. Личната потрошувачка е зголемена за 3,3 проценти, додека извозот бележи раст од 10,4 отсто.
Од „Finance Think“, сепак, предупредуваат дека солидната економска динамика е поврзана со неколку критични тенденции. Градежниот раст главно се должи на нискоградбата, која пораснала за 48,9 отсто, и специјализираните градежни работи со раст од 61,5 процент.
Според институтот, ваквата динамика во голем дел може да се поврзе со реализацијата на државните капитални инвестиции на централно и локално ниво.
„Оваа активност е клучна за растот, но е проследена со висок буџетски дефицит од 7,1 отсто во првата половина од годината“, посочуваат од „Finance Think“.
Растот на личната потрошувачка, пак, продолжува да биде поддржан од зголемувањето на доходите. Платите номинално пораснале за 7,3 отсто, кредитите на домаќинствата за 12,1 процент, а значително влијание има и растот на пензиите во изминатите две години.
Според анализата, ваквите движења создаваат дополнителен притисок врз пензискиот буџет, чија реализација во првата половина од 2026 година достигнала 55 отсто.
„Растот на БДП, во значајна мера, иако не целосно, е индуциран од буџетска потрошувачка која оневозможува доволна фискална консолидација“, оценува „Finance Think“.
Истовремено, пазарот на труд не го следи економскиот раст. Стапката на невработеност во вториот квартал останала непроменета на 11,3 отсто, со слични нивоа на вработеност и активност на населението.
Неформалната вработеност дополнително се зголемила, од 13,3 на 14,3 отсто од вкупната вработеност, што според институтот може да биде показател дека високото ниво на сива економија, особено во градежништвото, не се намалува.
Во вториот квартал инфлацијата достигнала 4,6 отсто на годишно ниво, наспроти 3,7 отсто претходно. Дел од забрзувањето, според анализата, произлегува од ниската споредбена основа, односно периодот кога беа во сила мерките за ограничување на цените и маржите.
„Finance Think“ оценува дека геополитичките конфликти во Европа и на Блискиот Исток, како и домашните притисоци врз буџетскиот дефицит, бараат зголемена внимателност од монетарната и фискалната политика.
Институтот очекува економскиот раст да продолжи и во остатокот од годината, главно поттикнат од домашни фактори. Проекцијата на „Finance Think“ за растот на БДП во 2026 година изнесува 3,5 отсто, додека очекуваната инфлација е 4,1 процент.