
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Податоците на Евростат покажуваат дека во јануари 2026 година, 46 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинствата во Европската Унија(EУ) отпаѓа на три категории. Првата е храна и безалкохолни пијалоци, втората е домување, вода и енергија, а третата е транспорт.
Секоја од овие категории бележи значително зголемување на цените во последните години.
Храната е убедливо најголемиот трошок. Во Европската Унија, таа учествува со 16,28 проценти од сите трошоци, а во Хрватска со 21,76 проценти. Домувањето, водата и енергијата се втори во ЕУ со 14,87 проценти, додека во Хрватска се само четврти со 10,95 проценти. Транспортот е на трето место во ЕУ, како и во Хрватска (12,25 отсто). Донекаде изненадувачки, во Хрватска, рестораните и услугите за сместување се на второ место.
Ако погледнете колку граѓаните од различни земји трошат за храна, можете да видите големи разлики. Швајцарците имаат најмал процент на трошоци, со 10,35 проценти, по што следуваат Австрија со 11,84 проценти и Луксембург со 12,21 процент. Највисок процент убедливо има Македонија. Во земјава 40,11 проценти од трошоците за домаќинства одат за храна. Следат Албанија со 34,46 проценти и Косово со 32,75 проценти. Од земјите-членки на ЕУ, Романија е во најлоша ситуација со 27,41 процент, пренесува Forbes Hrvatska.