
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена дури за 26,8 проценти во јули годинава во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Голем раст има дури и ако се земе предвид растот на цените. Статистиката тоа го пресметува како реален раст, а тој покажува зголемување на продажбата за 13,2 прценти.
Од Владата повеќе пати потенцираа дека и покрај растот на цените на горивата, Македонија има најниски цени поради што во пограничните места доаѓаат нашите соседи да полнат гориво.
Анализрајќи го прометот во трговијата, Државниот завод за статистика пресмета дека реално нема промена во прометот на храна, пијалаци и тутун, но дека номинално има раст од 4,3 проценти.
Трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена номинално за 1,1 процент, а реално за 6,7 проценти.