Свет

„Амазон“ закупи 12 авиони за ширење на својата товарна флота

08 јун 2020

Американскиот интернет гигант „Амазон“ закупи 12 товарни авиони „Боинг 767-300“ од компанијата „Аир Транспорт Сервицес Груп“ со што вкупната негова флота сега е над 80 авиони.  

Со оваа инвестиција, „Амазон“ сака да ја забрза испораката поради зголемувањето на бројот на нарачките преку интернет. 

Еден од новите авиони се приклучи кон работењето на онлајн продавниците во мај, додека останатите 11 ќе бидат испорачани во 2021 година, соопштија од компанијата. 

„Амазон“, исто така, отвара и регионални авио јазли за да ја поддржи својата растечка авио-мрежа, а гради и логистичка мрежа за да го унапреди системот на испорака и услуги. 

Од компаниите за достава, сега најголема флота товарни авиони има „ФедЕкс Корп“, која брои повеќе од 650 авиони. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...