Маркетинг

САД: „Келанова“ лансира Pringles папучи

30 апр 2024

„Келанова“ во соработка со компанијата „Крокс“ лансира  папучи.

Овие папучи се достапни во ограничени количини и во две верзии, како стандардни Crocs папучи и како чизми со џеб за конзерва Pringles.

Компанијата во рамките на соработката лансира и посебни „беџови“ за папучите со елементи од Pringles.

 Покрај тоа, компанијата го претстави и новиот вкус на чипсот Pringles Croc-Tail Party.

Првата соработка на Pringles во секторот за обувки го постигнува тоа што нашите брендови го прават најдобрo – донесуваат генијалност. Го оживеавме вкусот на ова партнерство со чипсот Pringles Croc-Tail и со колекцијата којa на фановите им овозможува да го изразат својот вкус кога во прашање се грицките и модата, изјави Маурисио Џенкис, директор на маркетинг за Pringles  во САД.

 

 

Извор: PR Newswire

Фото: „Келанова“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...