Свет

Германија: „Хенкел“ ги зголеми прогнозите за продажба

14 авг 2023

 „Хенкел“ во вториот квартал од годинава оствари продажба за 4,9 отсто на 10,9 милијарди евра, со позитивни резултати во двете деловни единици (брендови и технологии).  

Оствариме силен пораст и истовремено, успеавме значително да ја подобриме нашата заработка и покрај постојаните предизвици како што се високата цена на суровини и на логистиката, соопштија од „Хенкел“. 

Групацијата „брендови“ пријави органски раст на продажбата од 5,7 отсто во првата половина од годината, поттикнат од продажбата на производите за перење алишта, домаќинство и производи за нега на коса, додека фрупацијата „технологии“ забележа раст на продажбата од 4,7 отсто. 

Германската групација сега очекува целогодишен органски раст на продажбата од 2,5 отсто до 4,5 отсто, во споредба со претходната прогноза што се движеше од 1 до 3 отсто. 

Извор: esmmagazine
Фото: Henkel



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...