Македонија

ММФ: Македонската економија годинава ќе има раст од 2,7%

17 апр 2024

Според најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) македонската економија годинава ќе има раст од 2,7%, следната година од 3,7% отсто, а во 2026 година од 3,5%.

 Како што се наведува во извештајот, инфлацијата годинава ќе биде 4%, а во следните две години ќе се намали на 2,5% во 2025 година а во 2026 на 2%.

ММФ оценува дека во регионот земјава ќе има најнизок раст, а дека имаме висок буџетски дефицит и висок јавен долг. Дефицитот според ММФ во државната каса преминал 5%, додека обврските за изградба на автопати и зголемените плати на административците создаваат дополнителен притисок врз буџетот.

 

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...