Колумни

Колумна во понеделник: Предизвици и актуелни трендови во FMCG-индустријата

26 јун 2023

Пазарот на производи за широка потрошувачка или FMCG е еден од најбрзо растечките бизнис-области. Извештаите од истражувањата на пазарите покажуваат дека глобалниот FMCG-пазар има потенцијал да постигне капитализација од речиси 19.000 милијарди американски долари до 2031 година. Сепак, за да се постигне посакуваната стапка на пораст и естимираниот промет, глобалниот пазар во FMCG-индустијата ќе треба да се приспособи на многу нови предизвици, ќе споменам само неколку од нив.

Автоматизација и подобрувања во оперативната ефикасност

Повеќе од веројатно е дека компаниите ќе ја искористат автоматизацијата како клучна предност од технолошки аспект. Автоматизацијата значи имплицирање на „смарт технологијата“ меѓу различни производствени капацитети или уреди во сите фази на производство. Придобивките од избегнување на човечки грешки, подобрениот увид и менаџирање со залихите, како и унапредување на сите процеси во синџирот на снабдување,  може во огромна мера да ја зголеми оперативната ефикасност.

Нов начин за задоволување на потребите на потрошувачот

Освен потребата за персонализација, FMCG-пазарот ги капитализира и можностите за директен пристап до потрошувачите (direct-to-consumer channels) првенствено за подобрување на искуството на клиентите. На пример, моделите за претплата наменети за потрошувачите, се покажуваат како доста успешни во делот на заштеда на трошоци на потрошувачите.

Ценовен баланс

Зголеменото ниво на чувствителност за ценовните промени ќе доминира на пазарот во FMCG-индустријата во 2023 година. Од таа причина исклучително важно ќе биде да воспостави правилна рамнотежа меѓу вредноста што ја нудат производите и нивната продажна цена. Производите кои задоволуваат повеќе потреби или имаат повеќе функции, имаат поголема вредност кај потрошувачите.

Најдобра стратегија за постигнување конкурентна предност во FMCG-секторот, почнува со свесност и информираност за новите трендови. Бизнисите треба да се приспособат на трендовите, како на пример: Е-трговија или непредвидени состојби како пандемијата, преку менување на оперативните модели или на т.н пат до консументот ( RtC- Route to Consumer).

Ова е прегледот на трендовите кои ќе имаат огромно влијание врз FMCG-секторот во престојниот период:

Инфлација

2023 година се покажува како уште една година со висока состојба на неизвесност и сомнеж. Но, овој пат тоа не се должи на пандемијата, туку на економскиот пад и сериозноста од кризата што го зафати светот, но и зголемување на трошоците за живот.

Потрошувачите ќе сакаат да ја максимизираат вредноста на парите кои ги вложуваат и ќе бараат производи кои ќе го задоволуваат нивното здравје и останатите лични потреби. Истовремено, потрошувачите стануваат свесни дека ќе треба да се приспособат на рестриктивнот начин на купување и да ќе бидат повнимателни со вредноста на производите.

Загриженоста во однос на тоа колку работите ќе станат полоши, пред да станат подобри, директно ќе влијае врз потрошувачите кога се соочаат со кризата, со трошоците за живот, бидејќи цените и понатаму ќе растат.

Потрошувачите не се доволно сигурни во сопствената финансиска благосостојба и се во постојана борба со секојдневните трошоци за живот, што доведува прифаќање на рестрективен начин на размислување. Оваа состојба води кон намалена безбедност и во стабилноста на работните места.

Ера на инклузивност

Предизвикувањето на општествено поставените норми и стандарди не е нов феномен, напротив, секоја генерација смета дека е полиберална од претходната и во тој процес активно се обидува да ги скрши традиционалните норми и стереотипи поврзани со нивното демографско потекло.

Но, добро е да се забележи дека самоизразувањето и идентификацијата добиваат сè поголема тежина и имаат сè поголемо влијание врз секојдневниот живот.

Од аспект на храна и пијалаци, потрошувачите посакуваат производи за кои сметаат дека ги отсликуваат нивните ставови и погледи кон животот. Ова значи отстапување од традиционалниот маркетинг, кој често може да се смета за стереотипен и застарен, па со тоа се создава можност луѓето да ги преиспитаат сопствените ставови кон брендовите и категориите.

Ова е особено важно во ерата на социјалните медиуми и т.н култура на откажување (cancel culture), каде што потрошувачите се подготвени активно да ги бојкотираат и дискредитираат брендовите и производите за кои ќе утврдат или пак ценат дека не се однесуваат соодветно и на начин на кој тие сметаат дека е правилно и етички.

Подобрување и одржување на здравјето

Благосостојбата значително влијае врз навиките за консумација, бидејќи потрошувачите првенствено се ориентираат кон купавање производи за кои ценат дека позитивно делуваат врз нивното ментално и физичко здравје. Сè поголем акцент се става на подобрување на емоционална благосостојба, што потоа директно влијае врз изборот на производите и трошењето во целост. Потрошувачите и понатаму ќе посакуваат мали и за нив прифатливи уживања, кои на одреден начин и ги дефинираат навиките за конзумирање. Со самото тоа, потрошувачите стануваат доста повнимателни и посвесни за квалитетот на производите што ги купуваат, за нивната содржина така ценат што е најдобро за нив, од аспект на цена и здравје.

Зголемен фокус

Потрошувачите ќе продолжат со внимателниот избор во поглед на храната и пијалаците кои ги консумираат, сакајќи притоа да се уверат дека состојките кои ги содржат се вистински и автентични, односно дека не содржат ништо што се смета за штетно по нивното здравје и за пошироката околина. Ова ќе ја поттикне побарувачката за без однапред подготвени списоци за пазарење.

Време на иновации

Потрошувачите сè повеќе внимаваат на штетните влијанија кои ги предизвикува традиционалниот земјоделски пристап и за импликациите што таквите практики го имаат на подолг временски рок врз пошироката животна средина. Како што потрошувачите стануваат посвесни за штетата направена врз животната средина, тие сакаат уверување дека земјоделските практики се прилагодливи на промени и дека сите користени природни ресурси се обновувани и надополнувани.

Индустријата сè почесто ги акцентира политиките за обновливо земјоделство, процес каде што производството е природно или органско, а притоа се преземаат и чекори за заштита од штетни влијанија врз почвата и животната средина. Притисокот за усвојување на одржливи и еколошки иновации од потрошувачите постои и постојано се интензивира, што директно значи дека производителите ќе мораат да се приспособат на таквите барања доколку сакаат да опстојат во блиска иднина.

Свесност за околината

Извесно е дека влегуваме во ера во која потрошувачите ќе сакаат да се осигураат дека производите кои ги конзумираат се целосно потрошени, пред да бидат заменети со нови, а притоа вложуваат  поголеми напори за намалување на отпадот создаден од вишокот на храна. На тој начин се создава можност за иновации во сферата на пакување и амбалажа, се јавува како тренд во изминатите неколку години. Токму заради оваа, голем број на потрошувачи сметаат дека постои исклучително тесна поврзаност и корелација меѓу нивното здравје и одржливоста на животната средина и планетата во целост.

Технологија и персонализација

Како резултат на повеќе гореспоменати аспекти, потрошувачите ќе инсистираат за персонализирани производи кои одговараат на нивните специфични потреби. Персонализацијата дизајнирана според индивидуата и личните преференци во огромна мера им се допаѓа на потрошувачите како идеја. Секако во тој процес, потрошувачот и консументот треба да се чувствува уверен во веродостојноста, транспарентноста и ефективноста на производот. Дополнително, производите неопходно е да имаат соодветен баланс меѓу квалитетот кој го нудат и цената која ја побаруваат.

Изнаоѓање баланс

Потрошувачите често сакаат да си дозволат одредени уживања и да избегаат од реалноста која ги оптоварува. Од таа причина за очекување е дека во перспектива ќе следи тренд на намалување на лојалноста кон брендовите и продавачите, зошто потрошувачите ќе покажат подготвеност да пазарат на повеќе и различни места, како би можеле да ја максимизираат вредноста на средствата кои ги инвестираат или кажано со други зборови, потрошувачите ќе сакаат да добијат најмногу за своите пари. Исто така за очекување е и сè поголема активност во дебитно-кредитен консумеризам, односно пристап кој нуди заштеда на едно место, која потоа може да го оправда трошењето на друго. Трендот на искористување на предностите кои ги нудат промотивни понуди нема да престане, што индиректно создава потреба трговците на мало да ги модернизираат традиционалните промотивни техники, како би можеле да бидат поусогласени со потребите на потрошувачот.

Искушенија

Потрошувачите нема да покажат подготвеност да се откажат од производите кои ги сметаат за неопходен мал луксуз, но истовремено ќе внимаваат и на трошењето. Додека трае прилагодувањето на новите навики за трошење, треба да се напомене дека луѓето покажуваат тенденција за одредено чувство на самодоверба кога станува збор за нивните навики за купување. Токму поради оваа причина и неподготвеноста за откажување од суштински неважните производи, влегуваме во нова ера на консумеризам, каде ќе се бара многу поголема инвентивност, па дури и снаодливост, во која потрошувачите ќе изнаоѓаат разни начини за придобивање на посакуваното, без притоа да се прават поголеми компромиси.

Проактивност

Потрошувачите ќе продолжаат со проактивниот пристап кон сопственото здравје и благосостојба, од проста причина што сакаат да останат витални и активни што е можно подолго, а истото ќе го постигнат преку подобрена и добро балансирана исхрана. По пандемијата драстично е зголемена свесноста за изложеноста на разни бактерии и вируси, а со тоа и за начините и способноста за заштита на имуниот систем. Резултатот од тоа е зголемување на фокусот на превенција наместо на лекување, преку брзи реакции во ситуации на благи симптоми, па дури и во случај на отсуство на конкретни симптомски реакции. Добро е да се спомене, дека истражувањата покажуваат дека најголемиот број на потрошувачи сакаат и се подготвени да посветат поголемо внимание на имунитетот и дигестивното здравје.

Како заклучок, FMCG-индустријата доживува брз пораст и таквиот тренд ќе продолжи во следните години. Меѓутоа, за да се исполни очекуваната стапка на раст и да се постигне поголем проценет на промет, глобалниот пазар на FMCG треба да се приспособи на бројните нови предизвици.

Прво, технолошкиот напредок направи револуција во однесувањето на потрошувачите преку порастот на е-трговијата и дигиталните платформи, кои го трансформираа начинот на кој производите се продаваат и дистрибуираат. Компаниите кои се активни во FMCG-индустријата треба да ги прифатат овие промени со инвестирање во големи онлајн-стратегии, оптимизирање на нивните синџири на снабдување и искористување на аналитиката на податоци за да ги разберат и да се грижат за преференциите на потрошувачите.

Второ, одржливоста се појави како критичен фактор кој влијае на изборот на потрошувачите. Како што се интензивираат грижите за животната средина, FMCG-бизнисите  мора да дадат приоритет на еколошките практики и да усвојат одржливи решенија за пакување. Компаниите кои проактивно ги решаваат овие прашања не само што ќе се усогласат со променливите потрошувачки вредности туку и ќе отклучат нови можности за пораст.

Трето, глобализацијата и пазарите во развој претставуваат можности и предизвици за FMCG-компаниите. Проширувањето на нови територии бара разбирање на локалните култури, преференции и регулаторни рамки.

И на крај, FMCG-бизнисите треба да се движат заедно со промената на демографската слика на потрошувачите. Стареењето на населението, урбанизацијата и еволуираниот начин на живот, со себе носат и промени неопходни за потребите и очекувањата на потрошувачите.

FMCG-индустријата има огромен потенцијал за пораст, но бара приспособливост и агилност за справување со новите предизвици со кои се соочува. Преку прифаќање на технологијата, одржливоста, глобализацијата и еволуирачките барања на потрошувачите, компаниите можат да се позиционираат за успех и да ја обезбедат својата позиција на овој динамичен и конкурентен пазар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...