Работење

Придобивки од доброто управување

17 апр 2024

Лошото управување со синџирот на снабдување може да резултира со многу скапи доцнења, проблеми со квалитетот или нарушување на репутацијата

    Пишува: Бобан Младеновски, менаџер за транспорт во „Теско“, Boban.Mladenovski@tesco.com

Еден од најдобрите начини бизнисите да им служат добро на своите клиенти е ефикасното управување со синџирот на снабдување кој би требало да биде стратешки приоритет. Што е управување со синџирот на снабдување? Едноставно кажано, управувањето со синџирот на снабдување ги надгледува сите процеси што ги интегрираат снабдувачите да работат ефикасно за да го преместат производот од производство до клиентот. Притоа се земаат предвид понудата и побарувачката. Крајниот фокус на синџирот на снабдување е да го исполни предлогот за вредност на потрошувачот, да го испорача производот на локацијата што ја сака во форма што ја сака со уникатните карактеристики што ги сака.

 

Терминот синџир на снабдување опфаќа неколку значења, а тука спаѓаат:

  • Концептот на синџирот на снабдување;
  • Индустријата која ги вклучува превозниците и регулативите;
  • Функцијата која е практика за управување со оперативните, логистичките и инвентарните нивоа како дел од координирањето на купувачите и снабдувачите.

Овие процеси и функции, кога се направени добро, можат да додадат вредност на секоја индустрија, поради што управувањето со синџирот на снабдување треба да биде суштинска компонента на бизнис-стратегијата. Менаџирањето со синџирот на снабдување е процес на интегрирање на понудата и побарувачката, не само во организацијата, туку и низ сите различни членови и канали во синџирот на снабдување, така што тие работат заедно. Постојат пет основни компоненти во системот за управување со синџирот на снабдување:

  1. Планирање - За да ги исполнат барањата на клиентите, менаџерите на синџирот на снабдување мора да планираат однапред. Ова значи предвидување на побарувачката;
  2. Насочување - Изборот на снабдувачи кои ќе ја обезбедат стоката, суровините или услугите што го создаваат производот е критична компонента на синџирот на снабдување. Како дел од стратешкото снабдување, менаџерите мора да ги надгледуваат процесите за нарачка, примање, управување со залихи и овластување на плаќањата фактури за снабдувачите;
  3. Создавање производ - Менаџерите на синџирот на снабдување, исто така, треба да помогнат во координирањето на сите чекори вклучени во создавањето на производот. Ова вклучува преглед и прифаќање на суровини, производство на производот, тестирање на квалитетот и пакување;
  4. Дистрибуција – Да се потрудиме производите да стигнат до муштериите. Ова вклучува координирање на нарачките, распоред на испорака, испраќање, фактурирање и примање плаќања. Општо земено, флотата на возила мора да биде управувана да ги испорачува производите - од бродови кои носат производ произведен во друга земја до камионите на флотата и услугите за испорака;
  5. Враќање производ - Менаџерите на синџирот на снабдување, исто така, треба да развијат мрежа која поддржува производите да бидат вратени. Оваа мрежа мора да биде одговорна и флексибилна за да ги поддржи потребите на клиентите.

Основата за секоја од овие компоненти е цврста мрежа која може ефикасно да ги следи информациите низ синџирот на снабдување и да обезбеди придржување кон законите и регулативите. Ова вклучува широк број оддели: човечки ресурси, ИТ, гаранција на квалитетот, финансии, дизајн на производи и продажба.

Менаџментот на синџирот на снабдување е од клучно значење за секоја организација бидејќи може да воведе неколку бенефиции за организацијата. Лошото управување со синџирот на снабдување може да резултира со многу скапи доцнења, проблеми со квалитетот или нарушување на репутацијата. Во некои случаи лошото управување со синџирот на снабдување, исто така, може да предизвика правни прашања ако снабдувачите или процесите не се во согласност. Напредокот во технологијата отклучи огромен потенцијал за управување со синџирот на снабдување. Им овозможи на менаџерите да бидат целосно поврзани, во реално време, со членовите на синџирот на снабдување. Во соработка со менаџерите, компаниите можат го остварат следното:

• Да ги предвидуваат проблемите;

• Навремено да ги приспособуваат цените;

• Да ги подобрат инвентарот и остварувањето.

Ефективно управување со синџирот на снабдување обезбедува три примарни бенефиции за организацијата: намалување на трошоци, зголемен обрт и правилно искористување на средствата.

Ефективно управување со синџирот на снабдување обезбедува три примарни бенефиции за организацијата: намалување на трошоци, зголемен обрт и правилно искористување на средствата.

Дистрибутивните центри – важна алка во снабдувањето

Дистрибутивните центри се сметаат за специјализирани, стратешки лоцирани складишта/магацини. Тие играат клучна улога во синџирот на снабдување, особено во однос на помагањето за побрзо и попрецизно исполнување на нарачките на клиентите, истовремено задржувајќи ги придружните трошоци на најниско можно ниво. Дистрибутивните центри можат да се водат и управуваат во зависност од потребите или структурата на бизнисот. На пример, некои малопродажни компании градат и управуваат со сопствени дистрибутивни центри, додека некои партнерски соработуваат со компании од логистиката или трети страни.

Ќе се запрашаме и зошто дистрибутивни центри, а не магацини или складишта? Што е разликата меѓу нив? Стоките што се складираат во магацините/складиштата обично ги снабдуваат производителите или трговците наместо директно потрошувачите. Дистрибутивните центри личат повеќе на логистички операции сѐ-во-едно,  складираат, спремат стока, пакуваат, за да ги исполнат нарачките на клиентите кои можат да бидат малопродажни локации или директно индивидуални потрошувачи.

Споредено со магацините/складиштата, дистрибутивните центри имаат тенденција да не се фокусираат на долгорочното складирање, туку повеќе на протокот на стока. Со ова се поставуваат процеси кои можат да го забрзаат работењето, а да ги намалат трошоците. Дистрибутивните центри треба да се постават на стратешки локации кои би ги намалиле трошоците и времето потребно за да стигне производот до неговата крајна дестинација.

Без оглед на индустријата, снабдувачите или производителите обично ги испраќаат своите производи директно во соодветните дистрибутивни центри, каде што тие се примаат и складираат. Кога ќе дојде време за испорака, вработените се справуваат со потребните процеси за логистика. Со други зборови, соодветната стока се зема од залихите, се пакува и се испраќа секојпат кога клиентот ќе направи нарачка.

Помалите компании можат да изберат своите дистрибутивни мрежи да бидат сервисирани од страна на наменска логистичка организација, додека кај поголемите претпријатија поголема е веројатноста да поседуваат и да водат свои дистрибутивни мрежи кои се дизајнирани да транспортираат стока од производителите или продавачите на големо до трговците или потрошувачите. Големите компании може да имаат неколку дистрибутивни центри лоцирани стратешки, каде што секој центар или опслужува воспоставен број продавници или одреден географски регион.

Предизвици на дистрибутивните мрежи

Центрите за дистрибуција не се без недостатоци. Сите операции мора да се одвиваат брзо и прецизно за да се обезбеди ефикасна работа. Секој мал испуштен детаљ може потенцијално да предизвика непредвидени проблеми и доцнења, со што се зголемува трошокот. Погрешната комуникација во врска со спремањето и пакувањето на стоката може да доведе до проблеми со исполнувањето на планот, а неорганизираните распореди можат значително да ја отежнат работата на работниците.

Дистрибутивните центри се справуваат со производите кои пристигнуваат од производителите или трговци на големо, организирајќи ги и испорачувајќи ги до нивните крајни дестинации што е можно побрзо. Ова бара внимателно следење на нивото на инвентарот, така што операциите како што се прием на стока, складирање и спремање нарачки да бидат што е можно поефикасни.

Отворањето дистрибутивен центар може да биде скапо на краток рок, но долгорочните бенефиции имаат тенденција да ги надминат првичните трошоци. Тоа е така затоа што дистрибутивните центри имаат цел да ја максимираат ефикасноста кога станува збор за примање, чување, пакување и дистрибуција на стока.

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...