Свет

Австралија: „Лакталис“ ја затвора фабриката за млеко

18 апр 2024

 „Лакталис“ го најави планот за затворање на својата фабрика за млеко во Ехучи, Викторија, што ќе резултира со укинување на речиси 74 работни места.

 Покрај тоа, „Лакталис“ најави планови за инвестирање во следните три години во износ од 85 милиони австралиски долари во унапредувањето на својот синџир за снабдување низ Викторија.

 Нашиот долгорочен план за раст, кој предвидува преселување на седиштето на нашата оператива во Викторија, е направен после детални анализи на нашиот оддел за јогурт и десерти. При изборот на локацијата во предвид ги зедовме капацитетите за преработка на млеко, оперативните трошоци и изгледот на локацијата. На основа на овие критериуми, нашата  локација е најпогодна за инвестирање за да ги задоволиме нашите потреби во Викторија. Во моментов се консултираме со нашиот  тим за оваа одлука, вклучувајки ги во тоа како најдобро да ги поддржиме овие промени. Оваа одлука не ја донесуваме лесно, изјави Мал Карселдин, извршен директор на компанијата „Лакталис“, додавајќи дека вработените кои ќе ја изгубат работата ќе бидат преместени во друга подружница на компанијата.

Како што соопштуваат од компанијата со доградувањето на погонот во Бендинг, „Лакталис“ ќе ги зголеми можностите за вработување и ќе ги прошири производствените капацитети.

 

Извор: FoodBev

Фото: „Лакталис“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...