Македонија

Отворен нов „Супер Кит-Го“ во „Поинт ритеил парк“

19 јул 2019

Вчера во 12 часот свечено беше отворен „Супер Кит-Го“ во новиот трговски центар „Поинт ритеил парк“, лоциран на раскрсницата на булевар Словенија, меѓу скопските општини Чаир и Бутел.

Новиот „Супер Кит-Го“ е петтиот објект од овој формат на штипскиот синџир маркети, чија продажна мрежа вклучува вкупно 58 маркети. Површина на продажниот и на магацинскиот простор на новиот супермаркет е 1.600 квадратни метри. Потрошувачите може да се услужуваат на пет наплатни каси, а за услугата се грижи персонал од 35 нови вработени. Работното време е од 8 до 22 часот.

Асортиманот во модерно уредениот ентериер се состои од 22.000 активни баркодови. Во рамките на супермаркетот има посебни оддели за свежо овошје и зеленчук, топлотека, слаткарница, месарница, а потрошувачите имаат и голем избор од козметика и средства за чистење.

Фокусот на нашата компанија, која работи преку три различни концепти – „Кит-го“, „Супер Кит-Го“ и „Тера“, секогаш е на потрошувачот и на неговите секојдневни потреби. Концептот „Супер Кит-го“ им овозможува на потрошувачите пристап до поголем број производи со висок квалитет и поволни цени. Очекуваме дека и со новиот супермаркет ќе им овозможиме добра понуда на нашите потрошувачи, изјави за InStore Александар Попов, комерцијален директор на „Кит-Го“.

Трговскиот синџир „Кит-Го“ е распространет низ градовите во цела Источна Македонија, Куманово, Велес и во Скопје. Како што најави Попов, во најбрзо време „Супер Кит-Го“ ќе биде отворен и во Кочани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...