Регион

„Нестле“ ја продолжи кампањата „ЗдравоРастеме“

24 сеп 2020

Во последните 20 години, процентот на дебелина кај децата во Србија се зголеми за дури 60 отсто. „Нестле“ покрена проект наречен „ЗдравоРастеме“, со кој сака да ја промени оваа загрижувачка статистика. 

Преку проектот, компанијата веќе 10 години ги едуцира децата во училиштата за важноста на правилната исхрана и на редовната физичка активност. Со него се опфатени повеќе од 55.000 деца ширум Србија.  

Планирањето на исхраната е една од задачите за кои учениците покажуваат најголем интерес. Покрај правилната исхрана и обраќањето внимание на намирниците со кои се подготвуваат оброците, проектот придонесе и за поголема физичка активност кај децата -користењетпо градски превоз го заменија со возење велосипед и ролери. 

Дебелината е еден од најзастапените здравствени нарушувања на денешницата. Клиничките студии укажуваат на неверојатен податок дека во последните 50 години, бројот на дебели деца се зголемил за 300 отсто. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...