Регион

Босна и Херцеговина забрани увоз на свежо говедско месо

31 авг 2020

Босна и Херцеговина забрани увоз на свежо говедско месо на неодредено време. Од 24 август, во земјата може да се увезуваат само замрзнати пратки. 

Во дописот што Канцеларијата за ветеринарство им го испрати на граничните ветеринарни инспекции се наведува дека решенија за увоз на свежо говедско нема да се издаваат поради висок ризик. Дозволениот увоз на замрзнати пратки ќе подлежи на ригорозни контроли. 

Домашните фармери сметаат дека целосната забрана за увоз не е најсреќно решение. Тие проценуваат дека забраната ќе придонесе за „експлозија“ на цените на домашниот пазар. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...