Регион

Растат приходите на „Подравка“ и покрај кризата

29 јул 2020

Приходите од продажбата се зголемија за 14,10 милиони евра, односно за 5%.

Надзорниот одбор на „Подравка“ ги потврди неревидираните резултати од работењето на групацијата за првото полугодие од 2020 година и изрази задоволство што, и покрај кризата предизвикана од коронавирусот, оствари позитивни резултати речиси на сите нивоа од работењето.

Остварена е нето-добивка во износ од 21,5 милиони евра, што претставува пораст од 15,4%. Остварен е пораст на приходите од продажбата и кај сопствените брендови во износ од 15,8 милиони евра.

И покрај многубројните негативни влијанија предизвикани од коронавирусот, успеавме брзо да го трансформираме работењето. Сепак, периодот што следува ќе биде полно со предизвици и веруваме дека ќе продолжиме со позитивни резултати, нагласи Марин Пуцар, претседател на Управата на „Подравка“.

Сегментот прехрана забележа зголемување на приходите од продажбата за 9,4 милиони евра, а најголем пораст од повеќе од 6 милиони евра остварија програмите кулинарство и месни производи, јадења и намази.

„Жито“ и „Лагрис“ ги задржаа приходите од продажбата на ниво на минатата година, најмногу поради движењата на приходите во категоријата свежи пекарски производи, примарно на пазарите во Словенија и Италија.

Во поглед на остварување на приходите од продажбата по региони, групацијата најголем пораст од 6 милиони евра забележа во Јадранскиот Регион.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Бадел 1862“ добитник на две награди на натпревар во САД

05 авг 2020

„Еуроспин“ ја отвори првата продавница во Хрватска

05 авг 2020

Црна Гора од утре ги отвора границите за Македонците

05 авг 2020

Пад на извозот во Босна и Херцеговина

05 авг 2020

Словенија: „Хофер“ воведува нов модел за вработување

05 авг 2020

Словенија побара помош од ЕУ за заштита на работните места

05 авг 2020
Вчитува уште новости...