Регион

Црна Гора: Трговците бараат да се дозволи работа во недела и за празници

29 јун 2020

Црногорските трговци побараа од тамошното Министерство за економија уште еднаш да ја разгледа можноста за измени во Законот за внатрешна трговија, и да им овозможи на трговците додека трае туристичката сезона да работат во недела и за државни празници. 

Од друга страна, од Министерството за економија излегоа со став дека официјалната статистика не покажува значителен пад на проходите во трговијата како последица од неработната недела. Трговците, пак, тврдат дека податоците за туристичката сезона ќе бидат многу понеповолни. Од Стопанската комора на Црна Гора оценија дека законите треба да бидат поттикнувачи за стопанствениците за тие да можат да остварат подобри резултати и да придонесат кон развој на државата. 

Црна Гора воведе неработна недела во октомври минатата година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...