Регион

Се продава „Сквадра“ за 1,1 милион евра

19 јун 2020

Стечајниот управник на препптијатието „Сквадра“, кое се занимава со преработка на смрзнати, свежи и живи риби и морски плодови, го огласи шестиот повик за продажба.

Почетната цена на претпријатието е 1,1 милион евра. Како што стои во тендерот, во недвижниот имот влегуваат зграда за преработка на риба, упревна зграда, објект за технички постројки, портирници, објект за пречистување вода и земјиште под зградата. Тука спаѓа и производствената и канцелариска опрема и мебел.

Право на учество на тендерот имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат условите и кои ќе уплатат депозит.

Јавното наддавање ќе се одржи на 17 јули 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...