Регион

Словенија од денеска е отворена за уште 14 земји-Македонија не е меѓу нив

08 јун 2020

Од денеска во Словенија без никакви рестрикции можат да влезат граѓани од 17 земји, откако претходно влез беше дозволен за жителите на Австрија, Хрватска и Унгарија. Македонија не е на тој список. 

Влез во земјата сега е дозволен и на граѓаните на Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Исланд, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Норвешка, Словачка и Швајцарија.

Тие земји се ставени на листата на основа на епидемиолошката ситуација во нив. Доколку ситуацијата во некоја земја се влоши, таа ќе биде тргната од листата.

Државјаните на земјите кои не се на листата ќе мораат да одат во 14-дневен карантин, а единствен исклучок се работниците во меѓународниот сообраќај, лицата кои вршат товарен сообраќај и сопственици на дипломатски пасош.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...