Регион

Во Лашко заживеа пчеларско-пивски проект (ТВ InStore)

01 јун 2020

Тимот на ТВ InStore беше во Лашко, каде „Пивоварна Лашко Унион“ во рамките на имплементацијата на одржливата стратегија Varimo boljši svet предаде пчеларник.

Тоа е проект создаден во соработка со словенечкото Здружение на пчелари и пчеларско семејство Шолар од Лашко, кој доби пчеларник.

Медот, кој ќе се произведува во кошниците на овој пчеларник, ќе биде основа за подготовка на специјалното медено пиво, за кое директорот на словенечкото здружение на пчелари, Боштјан Ноч, е убеден дека ќе постигне голем успех на словенечкиот пазар.

Се очекува пивото направено од мед да биде достапно на полиците во продажните објекти пред крајот на годинава.

Новинар: Игор Ѓуровиќ и Уршка Марјановиќ (InStore-Словенија)

Снимање и монтажа: Иван Марјановиќ

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...