Регион

Одговорно управување со пластиката во „Лидл“ – Србија

22 мај 2020

Во согласност со мотото за одржливо работење „За подобро утре“, компанијата „Лидл“ – Србија  направи промени во својот асортиман, со цел одговорен однос кон природата.

Од трговскиот синџир истакнуваат дека овие мерки се преземени за да се намали употребата на пластика, а кои се во директна врска со два до пет стратешки столбови за одговорност: асортима и заштита на животната средина.

Со воведувањето на повеќекратна торба за овошје и зеленчук, „Лидл“ – Србија стана првиот трговски синџир на овој пазар кои на потрошувачите им  понуди и алтернативна опција. Овие торби се практични бидејќи се перат во машина за перење алишта и имаа носивост до 5 кг.

Воедно, во „Лидл“ повеќе не може да се купи пластичен прибор за јадење и пластични чаши, а пластичните стапчиња за чистење на уши се хартиени, а не пластични. На овој начин компанијата сака да ја намали употребата на еднократната пластика која се смета за голем загадувач.

Во поглед на пакувањето на производите, од „Лидл“ – Србија истакнуваат дека амбалажата на одредени производи од асортиманот на јаткасти плодови и сушено овошје од нивната трговска марка е намалена за 20%, а количеството е исто.

Како дел од групацијата „Шварц“, „Лидл“ – Србија ја следи стратегијата „REset Plastic“ за одговорно управување со пластиката, која е насочена на пет области на дејствување: избегнува употреба на пластика, рециклирање и отстранување од природата, до поттикнување на еколошки иновации и едукации.

Сметаме дека големите компании имаат големо влијание на одржливиот развој и да ги искористат ресурсите за едукација на задниците и примена на добри практики. Овие практики што ги воведовме во „Лидл“ – Србија се само почеток на мерките што ги преземавме кога е во прашање асортиманот и се надевамде дека ќе ги мотивираме и потрошувачитезаедно да го зачуваме опкружувањето во кое живееме, рече Никола Балабан, извршен директор за набавка во „Лидл“ – Србија.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



„Подравка“ е најпозитивна хрватска компанија во очите на потрошувачите

28 мај 2020

Извозот на српски органски производи достигна речиси 30 милиони евра

28 мај 2020

Во Лашко заживеа пчеларско-пивски проект (ТВ InStore)

28 мај 2020

„Мак Зара“ го оствари својот прв извоз во Холандија

28 мај 2020

Пад на продажбата на вино во Хрватска за 80%

28 мај 2020

„Меркатор“ белижи пораст на приходите и профитот во првиот квартал

28 мај 2020
Вчитува уште новости...