Регион

„Певекс“ се залага за неработна недела

22 мај 2020

„Певекс“ повикува на законско регулирање на прашањето за работа во недела, а компанијата се залага за неработна недела, бидејќи, како што велат, на прво место им е задоволството на вработените.

И додека некои трговски центри велат дека ќе бидат принудени да ги отпуштаат работниците заради неработна недела, од „Певекс“ потенцираат дека нема тоа да го направат

Заканите за отпуштање поради неработена недела никогаш не беа објавени од „Певекс“, соопшти компанијата.

„Певекс“ се залага за неработена недела, не само затоа што ги застапува семејните вредности и општествено-одговорниот бизнис, туку и затоа што анализите покажуваат како задоволството на вработените ја зголемува продуктивноста и ги компензира малите загуби како резултат на неколку неработни денови месечно.

Ние сме за забрана за работа во недела, по примерот на Австрија. Ги повикуваме владејачките партии да го регулираат ова прашање со законот за работни односи и трговското право. Нема да отпуштиме ниту еден работник заради забраната за работа во недела, но подобро ќе го искористиме нивниот фонд на часови. Без оглед на симболичкото губење на приходот, ние сакаме задоволни работници кои ќе ги поминуваат неделите со своите семејства, рече Јурица Ловринчевиќ, претседател на Управниот одбор на „Певекс“.

Во моментов, „Певекс“ вработува околу 2.000 работници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...