Регион

„Mеркатор“ постави плексиглас прегради на касите

26 мар 2020

Компанијата „Меркатор-С“ ги зајакна мерките за заштита на вработените и потрошувачите во своите малопродажни објекти.

Како што изјавија од компанијата за редакцијата на InStore, со цел превенцја од ширење на вирусот корона компанијата применува дополнителни, посебни мерки за заштита на вработените и потрошувачите.

Во своите малопродажни објекти, во повеќе од 320 маркети „Идеа“, „Рода“ и хипермаркетите „Меркатор“, поставени се проѕирни плексиглас прегради кои ќе го намалат секојдневниот контакт со вработените на касите.

Самоиницијативно почнавме да го правиме ова, а покрај тоа, сите вработени во објектите имаат ракавици и дезинфекциски средства, потврдија од „Меркатор-С“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...