Регион

Маркетите во Србија работат многу пократко од нашите

23 мар 2020
Од денеска, повеќето малопродажни синџири во Србија работат со ново работно време, односно до 15 часот во работни денови.  
 
Работните време на продавниците на „ИДЕА“, на „Рода“ и на „Меркатор“ е од 7 часот до 15 часот, секој ден освен во недела. 
 
Ним им се придружи и „Лидл“-Србија. Од овој синџир ги повикаа потрошувачите да постапуваат одговорно, да ги почитуваат вонредните мерки и советите на лекарите и да купуваат рационално и само тогаш кога е навистина неопходно. 
 
„Делез“, пак, на својата интернет страница објави и дозволен број потрошувачи кои во исто време можат да бидат во секоја од нивните продавници. 
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...