Регион

Србија: Сите производи со QR код

04 фев 2020

Сите производи во малопродажните објекти во Србија од 1 февруари имаат машински читлива ознака, како бар-код или QR код.

Законот за трговија почна да се применува пред околу половина година, освен одредбата на еден член од законот (член 34, став 8) кој се однесува на декларацијата, односно обврската дека стоката треба да биде означена со машински читлива ознака.

Претходно постоеше само можноста, покрај основните податоци на декларацијата, како што се име и вид на производот, име на производителот и друго, да биде наведена и некоја од машински читливите ознаки. 

Потрошувачите ќе можат по инсталирањето на апликација на телефонот да ги скенираат бар-кодовите или некои други ознаки, како што е QR код, и да дознаат повеќе за потеклото на производот и неговите основни податоци. Освен ова, наскоро се очекува сите граѓани на Србија да можат и да плаќаат производи со скенирање на телефонот. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...