Регион

„Нестле“ - Србија веќе не фрла отпад во депонија

31 јан 2020

Фабриката на „Нестле“ во белградската општина Сурчин, отсега нема да го фрла отпадот во депонија, а сите производствени процеси во погоните се приспособени и оптимизирани за материјалите да се користат повеќе пати. 

Во соопштението на компанијата се истакнува дека овој успех, на чија реализација се обврза „Нестле“ до 2020 година, ќе биде постигнат во фази, откако комуналниот отпад на фабриката беше намален за дури 80%. Ова е дел од глобалната стратегија на компанијата, чија цел е сите 400 фабрики во светот да бидат означени како Zero Waste to Landfill.

Сакаме да помогнеме во растењето на здрави генерации и да направиме сè што можеме за да ја сочуваме планетата за нашите деца, изјави Тања Жигиќ, директорка на фабриката Сурчин, „Нестле Адриатик С“.

„Нестле“ во Србија соработува со повеќе од 10 постројки за рециклирање, а глобална стратегија е до 2025 година 100% од амбалажата што се користи во производството да може да се рециклира. Засега, во оваа држава, најголема инвестиција на „Нестле“ во областа на екологијата е изградбата на современа постројка за преработка на отпадните води, во вредност од 1,2 милиони евра. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...