Владата на Црна Гора на вчерашната седница го утврди Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за внатрешна трговија.
Со предложеното законско решение, покрај другото, се воведува забрана за работа во дејноста трговија на големо и мало во недела, на државни празници и во денови на други празници, соопштија од таму.
Од ова правило ќе бидат изземени единствено објекти кои се неопходни за непречено функционирање на општеството.
Во секторот трговија во Црна Гора се вработени околу 37.000 лица.
Овој концепт е добар. Мораме политиката да ја социјализираме и да ја направиме похумана. Трката за пари и профит уништи многу од нашите вредности, рече Душко Марковиќ, премиер на Црна Гора, во тек на расправата за предлог-законот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.