Регион

Сигурен пласман на српските производители во „Меркатор-С“

03 мар 2023

Компанијата „Меркатор-С“ со години е стратешки ориентирана кон соработка со локалните производители.

Благодарение на брендот Ukusi moga kraj развиен, на семејните компании кои произведуваат автентичен, 100% природен и домашен производ им се гарантира пласманот во продавниците на „Идеа“, „Рода“ и во хипермаркетите „Меркатор“, како и финансиска стабилност за идните производствени циклуси. Од компанијата „Меркатор-С“ велат дека преку овој уникатен бизнис-модел продолжуваат успешно да ја остваруваат својата мисија на своите потрошувачи да им обезбедат што можно повеќе домашни производи.

Со гордост сакам да истакнам дека дури 97% од нашиот промет е остварен во соработка со домашни производители и доставувачи. Иако таа бројка е импресивна, не застануваме тука. Со цел да ги поддржиме малите домашни производители од целата земја, го создадовме брендот Ukusi moga kraj. Во 2015 година почнавме со само неколку производители, а денес имаме успешна соработка со над 40 производители, кои произведуваат повеќе од 200 артикли, по автентичен домашен рецепт, со 100% суровини кои потекнуваат од нашата земја, рече генералниот директор на „Меркатор-С“, Виолета Ковачевиќ, при посетата на компанијата од министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...